Легендарниот турски кревач на тегови Наим Сулејманоглу почина денеска во Истанбул, откако во болницата „Мемориал“ му беше извршена трансплантација на црниот дроб.
Сулејманоглу е роден на 23 јануари 1967 година.
Тој беше светски првак седум пати, европски првак шест пати, а различни светски рекорди имаше поставено дури 46 пати.