ФУДБАЛ

Почина млад фудбалер на Јувентус, кој Погба го финансираше неговото лекување

Од Торино доаѓа тажната вест објавена од Јувентус.

На Брајан Додиен му беше дијагностициран рак на 12 -годишна возраст, но тој се врати на теренот во 2019 година.

Во времето кога му беше дијагностициран рак во 2015 година, тогашниот играч за врска на Јувентус, Пол Погба му посвети гол на Брајан против Торино, покажувајќи маичка пред неговиот дрес на која пишуваше: „Брајан, јас сум со тебе“.

Погба го финансираше неговиот третман, кој изгледаше успешен. Момчето не само што порази злобна болест, туку играше фудбал за тимот на Јувентус до 15 години.

Самиот Французин му честиташе тогаш и му посака успешна играчка кариера, но за жал денеска пристигна тажната вест за неговата смрт.