ФУДБАЛ

Почина поранешниот англиски репрезентативец Пол Маринер

Поранешниот англиски фудбалер Пол Маринер почина денес на 68-годишна возраст, пренесува Би-Би-Си.

Маринер играше за Ипсвич, Арсенал, Портсмут, а кариерата ја заврши во Америка.

Тој го освои ФА купот со Ипсвич во 1978 година и Купот на УЕФА три години подоцна.

Забележа и 35 настапи за репрезентацијата на Англија и постигна 13 погодоци.

Тој не дочека да ја гледа својата Англија во финалето на Европското првенство против Италија.