ФУДБАЛ

Почна одбројувањето за Златната топка: Објавено на која позиција заврши Лука Модриќ

Франс фудбал уште порано објави листа од 30 кандидати за Златната топка.

Свечената церемонија на прогласување на најдобрите се одржува вечерва, а неколку часа пред прогласувањето на победникот почна и објавувањето на конечниот распоред.

Меѓу 30-те кандидати се најде и победникот од 2018 година, хрватскиот играч за врска и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Модриќ заврши на 29. место заедно со дефанзивецот на Челзи, Цезар Аспиликует.

Педри, откритието на годината, заврши на 24. место, пред Хари Кејн, Бруно Фернандес и Лаутаро Мартинез.

Нејмар заврши на 16. место, Луис Суарез на 17. додека Рахим Стерлинг на 15. место.

 

По нив следуваат Николо Барела од Интер и Жерар Морено од Виљареал, а со нив 26-то место го дели дефанзивецот на Манчестер Сити, Рубен Диас.