Вечерва почнува трката за пехарот во Суперкупот на Италија. Како што е познато, според новиот формат кој е од пред неколку години, учествуваат четири екипи, а мечевите се играат по принцип полуфинале и финале. Првото полуфинале се игра вечерва помеѓу Наполи и Милан, а мечот започнува од 20:00 часот по централноевропско време. Во истиот термин утре вечер се игра вториот полуфинален меч каде се среќаваат Болоња и Интер. Финалето е закажано за в понеделник. Натпреварите се играат во Саудиска Арабија, а вкупниот награден фонд е 22 милони евра. Пехарот во ова натпреварување минатата година го освои Милан кој го совлада во финалето Интер со 3:2 во неверојатен меч.
Почнува битката за пехарот во Суперкупот на Италија, во трка Наполи, Милан, Интер и Болоња
