ФУДБАЛ

Почнува лудилото во Лигата на шампионите: Познати составите за натпреварот Аталанта – ПСЖ

Вечерва се игра првиот натпревар од четвртфиналето од ЛШ, во кој ќе се сретнат Аталанта и ПСЖ.

Завршницата од Лигата на шампионите се игра во Лисабон, а се знае дека ќе се игра само еден натпревар. Аталанта и ПСЖ го отвораат четвртфиналето и многумина очекуваат спектакуларен судир.

Аталанта е најпријатното изненадување во ЛШ и тие воодушевија многумина со својот фудбал. Сепак, ПСЖ е еден од фаворитите и можеме да бидеме особено среќни што и двата тима култивираат напаѓачки фудбал.

Натпреварот се игра од 21 часот, а Тухел и Гасперини ги објавија поставите. Тренерот на ПСЖ е во неволја затоа што Мбапе не може да игра од првата минута, па мораше да импровизира во напад.

Аталанта : Спортиело, Толој, Калдара, Џимзити, Хатебоер, Де Рун, Фрелер, Госенс, Гомез, Пасалиќ, Запата.

ПСЖ : Навас, Керер, Тијаго Силва, Кимпембе, Бернат, Андер Херера, Маркинхос, Гуе, Нејмар, Икарди, Сарабија.