Селекторот на Франција, Дидие Дешамп му оддаде признание на Јувентус за подигнување на нивото на играчот за врска Адриен Рабиот.
„Тој порасна многу. Имаше неколку комплицирани моменти во ПСЖ и имаше тежок старт во Јуве“, рече Дешамп.
„Не можам да кажам дека тој е трансформиран, но тој повеќе не е истиот играч. Му верувам и разговараме. Не разговараме каде тој ќе игра, понапред или поназад на теренот, бидејќи тој има можност да биде многу повеќе свој“, изјави Дешамп.