Актуелниот предводник на Примера, Атлетико Мадрид, сака да потпише нов договор со главниот тренер Диего Симеоне.
Според шпанските медиуми, челниците на Атлетико сакаат да го „врзат“ Симеоне со мадридскиот клуб до летото 2024 година.
Наводно, одличниот стручњак е расположен и за продолжување на соработката, и подготвен е да потпише нов договор заради финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусите, според кој ќе заработува помалку од 32 милиони евра годишно.
Актуелниот договор меѓу Симеоне и Атлетико важи до летото 2022 година, а во следните денови, неговата сестра и агент Наталија ќе започнат преговори со челниците на клубот за нов договор.
Да потсетиме, аргентинскиот стручњак го презеде Атлетико во 2011 година со кој ги освои Примера, Купот и Суперкупот и двапати Лига Европа.