Роберт Левандовски не го продолжи договорот со Баерн до 2023 година, а германскиот клуб реши да го пушти летово за да може, додека се уште може, да земе пари за Полјакот.
Според германскиот весник „Спорт 1“, најдобриот стрелец во Бундеслигата добил дозвола од властите на Баерн да го напушти клубот. Капитенот на полската репрезентација треба да потпише тригодишен договор со Барселона.
Според Германците, Полјакот е решен да премине во Барселона, а клубот веќе бил информиран за тоа пред неколку дена. Но, тоа сепак не значи дека Баварците ќе дадат согласност за заминување на напаѓачот ова лето.
Според пишувањата на медиумите, властите на Баерн ја чекаат понудата на Барселона и доколку таа изнесува 35-40 милиони евра, ќе го ослободат Полјакот.
Bayern Munich have allowed Robert Lewandowski to leave this summer. They're already waiting for Barcelona's first offer.
— @sport1
— Barça Universal (@BarcaUniversal) May 14, 2022
Во меѓувреме, новинарите на „Спорт 1“ јавуваат дека клубот веќе се договорил за трансфер на Левандовски на лето. Сега топката е на страната на властите на Барселона, кои за напаѓачот треба да потрошат 40 милиони евра.
Каталонците се решени да го доведат Полјакот на лето, а според пишувањата на медиумите веќе подготвиле кеш за одличниот напаѓач.
Оваа сезона Роберт Левандовски повторно може да се пофали со фантастична статистика. Во досегашните 45 натпревари кои ги одигра за Баерн, тој постигна 49 гола и додаде седум асистенции.