Јувентус со години доминира во Италија.
Старата дама има освоено седум последователни титули во Италија, а како започна новата сезона, тешко е да се поверува дека некој ќе му застане на патот до новата титула.
Сепак, целта на Бјанконерите е освојувањето на Лигата на шампионите на која чека уште од 1996 година, а раководството на овој тим прави сé за овој тим да биде по конкурентен во ова натпреварување.
Ова лето донесоа некои засилувања, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо, а веќе во 2019 година сакаат некои позвучни имиња.
Според Калчомеркато, првата желба на тимот на Торино е играчот на Реал Мадрид, Иско. Тренерот Аллегри веќе разговараше со лидерите на тимовите и им рече дека сака да го виде Исак во своите редови следно лето.
Покрај репрезентативецот на Шпанија, тренерот на Старата дама сака и играч од средниот ред, Н’Голо Канте, еден од најдобрите светските фудбалери за врски во моментот.
Нивното доаѓање сигурно ќе го направи Јуве уште посилен и се чини дека овој тим не сака да заштеди пари на патот кон освојувањето на трофејот на Лигата на шампионите.