Контроверзниот сопственик на романскиот гигант на ФСЦБ, Џиџи Бекали, има нова „златна кокошка“ во својот клуб.
Талентираниот крилен напаѓач Октавијан Попеску (18) привлече големо внимание на натпреварите во оваа сезона и забележа пет асистенции во романскиот шампионат.
Одредени европски клубови веќе покажуваат интерес за Попеску, а Бекали тврди дека 18-годишникот е подобар од Килијан Мбапе и Нејмар заедно.
“Подобар е од Мбапе и Нејмар заедно. Еден ден ќе вреди 500 милиони евра. Кога ќе се продаде, ќе побарам 20% од продажбата”, вели Бекали.
Бекали во минатото имаше бројни слични изјави за младите играчи на неговиот клуб, но досега никој не блескаше на големата сцена.