Мемфис Депај неодамна потпиша договор со Барселона.
Холандскиот напаѓач со тоа го исполни својот сон и ќе игра на стадионот „Камп Ноу“, и секако се очекуваат големи работи.
Депај доби малку повеќе слободно време по завршувањето на Европското првенство за да се одмори за нови предизвици, но без тренинг едноставно не можеш.
Одличниот фудбалер се одлучи на многу интересен тренинг. Тој го искористи базенот за да изведува подводни тренинзи, а покрај фудбалот ги покажа и своите боксерски способности.
Underwater training 🧘🏽♂️⚽️ pic.twitter.com/I5pI80hYOR
— Memphis Depay (@Memphis) July 13, 2021
Депај пристигна во Барселона како слободен агент од редовите на француски Лион.