Иако се ближи наредно коло, сепак страстите уште не се смирени од претходното. Имено, реакциите се уште траат по мечот Тотенхем-Манчестер Јунајтед (1:3) особено за потегот на Сон кој малку глумеше па беше поништен чист гол на Кавани.
Како што е познато по мечот со изјави се препукуваа Солскјер и Мурињо, а сега се вклучи пол Погба.
Тој вели ја открива темната страна на Мурињо од времето кога биле во Манчестер Јунајтед кога Португалецот му ја одземал капитенската лента.
-Тоа што го имам сега со Оле е поинакво, тој не би отишол против фудбалерите. Можеби Оле нема да го одбере фудбалерот, но не го става на страна како тој да не постои веќе. Тоа е разликата меѓу Мурињо и Оле.
„Кога имав добар однос со Мурињо, сите го видоа тоа, а следниот ден не знаеш што ќе се случи. Тоа е чудна работа која ја имав со Мурињо, не можам да ви објаснам бидејќи дури ни јас не знам, изјави Погба.