Јувентус ова лето прави ненадеен пресврт за да не се повтори ситуацијата да ја заврши сезоната без трофеј.
Според најавите на медиумите од Апенините, трансферите на овие двајца одлични фудбалери се само вовед во она што следува, бидејќи Бјанконерите подготвуваат нов фантастичен трансфер.
Имено, Јувентус планира во Торино да го доведе одличниот Никола Заниола со кого се договорени сите услови, а останува да ја убеди Рома.
Одличниот Италијанец не настапи за Рома на првиот подготвителен натпревар годинава и се подалеку од Вучица, особено што не сака да го продолжи договорот.
„Газета дело Спорт“ наведува дека Јувентус подготвува понуда од 50 милиони евра кои би требало да бидат доволни за трансферот.
Се е веќе договорено со менаџерот на играчот Клаудио Вигорели. Доколку Рома се согласи, Заниоло ќе потпише договор вреден четири милиони евра по сезона до 2027 година.