ФУДБАЛ

Погба и понатаму е под забрана, Мурињо го менува тимот за Евертон

Од 17 часот се игра дерби на колото во Премиер лигата и уште една многу важна утакмица за Жосе Мурињо, Манчестер Јунајтед- Евертон.

Не треба веќе ни да нагласуваме колку е Мурињо во опасна зона и како секоја утакмица му е како последна, затоа што неговите резултати не го задоволуваат клубот и доколку не се подобри, би можело да дојде до прекин на соработката.

Затоа денес Јунајтед мора да победи, на гости му доаѓа многу добар состав на Евертон. Мурињо ќе мора добро да состави тактика како би победил неговиот клуб, но сега е веќе јасно дека во тимот нема веќе да биде Немања Матиќ.

Наместо него, во тимот ќе се врати бразилецот Фред, а постои можност МекТоминеј или Херера да заиграат од првата минута. Сè зависи од тренерот на Јунајтед, дали ќе сака додатен „сигурен играч” или ќе има желба веднаш да напаѓа.

Паул Погба би требало да заигра, но и понатаму не смее да дава изјави затоа што беше брзоплет во давањето на истите, воедно откривајќи некои важни работи.

„Не е до мене, но не смеам да говорам за тоа што не ми е дозволено. Сакам, но кажано ми е дека не смеам да разговарам со новинарите” кажа Погба.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига