Поранешната црно-бела sвезда го советуваше својот поранешен клуб летово да го префрли играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед
Пол Погба би бил „идеален подарок“ за Андреа Пирло по неговото назначување за тренер на Јувентус, според неговиот поранешен соиграч Лука Тони.
Французинот освои осум трофеи во четири сезони со Јувентус – три од кои играше со Пирло – пред да се врати на „Олд Трафорд“ во 2016 година.
„Знаејќи го Андреа, тој ќе го изгради својот тим од средниот ред. Погба би бил идеален подарок за него. Не знам дали е можно ова, но тоа сигурно ќе биде најдобрата опција“, изјави тој за „Тутоспорт“.
„Андреа нема да биде тренер кој се фокусира на одбраната и контранападите. Тој сака да доминира со поседување на топката и сака да изгради напаѓачки тим“.
„Не знам каков систем ќе користи и не мислам дека е важно. Андреа е интелегентен и флексибилен“, рече Тони.