Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, призна дека имал понуда од Реал Мадрид минатото лето, кога бил дел од Јувентус. Французинот, сепак го послушал неговото срце и помина на „Олд Трафорд“.
Добив понуда од Реал Мадрид и мислев дека ќе ја прифатам, Во исто време размислував и за Манчестер Јунајтед, а моето срце ми кажа дека морам да го одберам Јунајтед. Не знаев зошто, но така чувствував. На крајот така постапив и не жалам поради мојот избор, рече Погба.
Французинот се пресели во Манчестер Јунајтед пред почетокот на минатата сезона за 89 милиони фунти.