ФУДБАЛ

Погба: Јунајтед со Роналдо на друго ниво

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е презадоволен од перформансите на клубот во летниот преоден рок.

Кристијано Роналдо од Јувентус и Рафаел Варан од Реал Мадрид пристигнаа на „Олд Трафорд“ и многумина веруваат дека „црвените ѓаволи“ имаат квалитет да се вклучат во борбата за титулата во Премиер лигата.

„Доаѓањето на Варан имаше позитивно влијание врз клубот. Имам одлична врска со него, се знаеме со години. Среќен сум што го имаме во Манчестер за да го претстави своето искуство и да ги искористи неговите играчки квалитети“, истакна Погба и продолжи:

„Роналдо? Секогаш е задоволство да се игра со најдобрите. Тоа е голем плус за фудбалерите кога можат да тренираат со одличен играч. Тој ќе го подигне нивото на нашиот тим“.

Клубот од Олд Трафорд му понуди нов договор на Погба со неделна плата од 467 илјади евра.

Манчестер Јунајтед освои седум бода во првите три кола и го дели второто место во шампионатот со Вест Хем, Челзи, Ливерпул и Евертон. Лидер е Тотенхем со максимални перформанси.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига