Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, инсистираше на тоа дека не му се придружува на Јувентус за пари, објаснувајќи дека го сторил тоа затоа што тогашниот тренер на „црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон му го скршил срцето.
Погба за прв пат го напушти Јунајтед и замина во Јувентус како слободен агент во 2012 година, мнугумира рекоа дека Погба замина поради пари во Јуве.
Но, францускиот репрезентативец инсистира на тоа дека решил да му се придружи на Јувентус само откако беше игнориран за натпревар од Премиерлигата во 2011 година, иако Јунајтед немаше играчи од средниот ред во тимот.
„За мене беше многу тешка одлука, заради тренерот и договорот. Не стануваше збор за договори туку за доверба од тренерот. Иако, се разбира, за мене, тој е најдобриот тренер во историјата “, рече Погба.
„Кога ме прашаа да потпишам договор, ако не го потпишам, ќе се случат многу работи. Не тренирав, се вратив на вежбите сам. Ова ме налути и не беше за пари. Кога имав можност да играм или да влезам на овој натпревар против Блекбурн, срцето ми се скрши“, откри тој.
„Немаше играчи од средниот ред, тие беа повредени. Дефанзивецот Рафаел играше во средниот ред со Парк јас воопшто не играв. Ја изгубивме играта. Се загревав и мислев дека ќе влезам во игра и ова беше одлична прилика за мене. Не ми беше дадена можноста и потоа се случи што се случи. Тренерот одлучува сè, но тоа беше денот кога ми го скрши срцето “, додаде тој.