ФУДБАЛ

Погба реагираше на гласините дека Ибрахимовиќ бил расист: „Не се шегувај со тоа“

Златан Ибрахимовиќ се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност по синоќешниот судир со Ромел Лукаку.

Имено, синоќа Интер по пресврт со 2:1 го совлада градскиот ривал Милан и се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, но по натпреварот сите зборуваа само за судирот помеѓу Ибрахимовиќ и Лукаку.

Тие имаа жесток вербален судир на крајот на првото полувреме и жестоко се навредуваа, а другите играчи успеаја да реагираат пред да дојде до физички судир.

Лукаку беше бесен на она што Ибрахимовиќ му го рече и сакаше физички да се соочи со него во тунелот, но за среќа успеаја да го сопрат.

На крајот имаше дури и информација дека Ибрахимовиќ го навредувал Белгиецот на расна основа, но самиот Златан го демантираше тоа денес на социјалните мрежи. На крајот на краиштата, се огласи и Пол Погба, кој има одличен однос и со двајцата затоа што играа заедно во Манчестер Јунајтед.

Погба рече дека нема шанси Златан да биде расист и медиумите да не го покажуваат во вакво издание.

“Златан расист? Тој ме сака толку многу што е последната личност за која би рекол дека е расист. Ајде, не се шегувај со тоа”, изјави играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед преку Твитер.