Пол Погба се уште нема донесено одлука да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед.
Сакаат да го задржат Погба во Манчестер, но за значително помала плата.
Ова предизвика бројни шпекулации за негово заминување, а тој се поврзува со ПСЖ и Јувентус.
Јувентус наводно е подготвен да понуди седум до осум милиони евра по сезона, а ПСЖ многу повеќе.
Сè ќе биде појасно наскоро.
Погба се врати во Манчестер Јунајтед во летото 2016 година од Јувентус во трансфер вреден преку 100 милиони евра, но многумина сметаат дека Французинот на Олд Трафорд не ги исполнил очекувањата.
Погба оваа сезона одигра 27 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања, постигнувајќи само еден гол и додавајќи девет асистенции.
Ралф Рагник неодамна изјави дека моменталната ситуација е таква што Французинот е се поблиску до заминување по шест години минати во редовите на „црвените ѓаволи“.