Две недели по доведувањето на Пол Погба, челниците на Јувентус размислуваат за итен трансфер.
Францускиот играч за врска е повреден и неколку недели нема да му биде на располагање на тренерот Масимилијано Алегри.
Погба, кој дебитираше за Јуве на пријателскиот натпревар со Гвадалахара кој Италијанците го добија со 2-0, се пожали на болка во десниот страничен менискус за време на тренингот во понеделникот.
Погба повеќе нема да може да игра во овој дел од подготовките, во кои на Јуве му претстојат уште тест натпревари против Реал Мадрид (30 јули) и Атлетико Мадрид (7 август). Погба би можел да го пропушти и своето деби во новата сезона во Серија А на 15 август со Сасуоло.
Така Calciomercato објавува дека челниците на Старата дама преговараат за доведување на Саул Нигез од Атлетико Мадрид. 27-годишниот Шпанец е клучен играч во тимот на Диего Симеоне, но Јуве го сака само на позајмица.
Цената на Саул Нигез е 25 милиони евра, според Трансфермаркт. Тој се уште има договор со Атлетико Мадрид до јуни 2026 година и тешко е да се очекува Јорганџије да го пушти токму така.
Да потсетиме, Јувентус вчера го раскина договорот со Арон Ремзи, а уште еден играч од средниот ред кој би сакале да го видат во Торино е Леандро Паредес, моментално играч на ПСЖ.