Нема ништо од заминувањето на Пол Погба во Реал или Интер, но Французинот би можел да ја продолжи кариерата во Јувентус.
Тој веќе го носеше дресот на овој клуб, а наводно Манчестер Јунајтед побара 100 милиони евра за неговите услуги.
Јувентус би платил удел, а ги понудил Рабио и Ремзи.
Јунајтед на тој начин би се согласил на 30 милиони евра и ќе видиме дали ќе биде постигнат договор на крајот.
Пол Погба е во Јунајтед од 2016 година. Тој пристигна од Јувентус за 105 милиони евра, и одигра 143 натпревари и постигна 31 гол за „црвените ѓаволи“.
Тој не играше во последно време поради повреди.