Пол Погба разговараше со новинарите откако неговата Франција синоќа одигра 2-2 со Португалија во Будимпешта.
Французите порано ја обезбедија нокаут фазата, а синоќа со бод го потврдија првото место и одат на Швајцарија во осминафиналето.
Новинарите го прашаа Погба дали е случајно неговата коса да биде во црно-бела верзија или тоа е на некој начин индикатор за неговата желба да замине во Јувентус?
“Знаев дека ќе ме прашаш така. Го очекував ова прашање. Не размислувам за својата иднина сега, само сум фокусиран на Европското првенство. И претпоставувам дека знаеш дека мојата фризура секогаш се менува”, рече играчот за врска на Јунајтед.
Во меѓувреме, статистиката на Франција, кога Погба е стартер заедно со Н’Гол Канте, брзо се рашири на социјалните мрежи и таа вели: на 30 натпревари на кои двајцата играчи од средниот ред започнуваат заедно од првата минута, Франција нема пораз. Тој има сооднос од 22 победи и осум ремија.
Погба и Канте се сметаат за најдобриот тандем во средниот ред на светот. Двајцата играат во Премиер лигата. Канте е член на Челзи со кого ја освои Лигата на шампионите, а Погба е, барем уште, е член на клубот од Олд Трафорд.
Тој долго време се поврзуваше со поранешниот клуб Јувентус, но Манчестер Јунајтед досега одбиваше да го продаде.