Репрезентацијата на Франција во неделата играше на домашен терен против Португалија, а натпреварот заврши без голови.
Многумина очекуваа спектакл во Париз затоа што беше јасно какви тимови се среќаваат, но на крајот никој не можеше ни да сонува дека овој натпревар ќе заврши 0-0.
Килијан Мбапе и Оливие Жиру по мечот беа во центарот на вниманието поради деталите од соблекувалната.
Имено, додека Жиру се збогуваше со соиграчите, тој реши да го „тапне“ Мбапе по главата, што не му се допадна на младиот напаѓач.
Неговиот израз на лицето покажа што мисли за потегот на неговиот соиграч и тој брзо отиде да земе чешел за да ја поправи косата.
Kylian Mbappé not happy with Olivier Giroud for what looks like messing he’s hairstyle LOL!!! pic.twitter.com/9nsdWEqIZq
— Frank Khalid OBE (@FrankKhalidUK) October 12, 2020