ФУДБАЛ

Погледнете го историскиот момент: Левандовски го сруши рекордот во 90-та минута (ВИДЕО)

Роберт Левандовски стана човекот со најмногу голови во една сезона во Бундеслигата.

На последниот натпревар сезонава против Аугсбург, Баерн победи со 5:2, а полскиот напаѓач го сруши рекордот на Герд Мулер стар 49 години по бројот на голови во една сезона во 90-та минута од натпреварот.

Левандовски не се снајде добро денес. Голманот на Аугсбург, Гикевиз, соблече апсолутно сè за него и се чинеше дека Левандовски и Мулер ќе останат изедначени со по 40 гола во една сезона во Бундеслигата.

Сепак, во 90-тата минута Левандовски искористи една блокирана топка по ударот на Сане и ја испрати во мрежата за 41. гол во сезоната во Бундеслигата.

Така Левандовски влезе во историјата. Тој го сруши рекордот на славниот напаѓач на Баерн и стана бесмртен.

https://twitter.com/i/status/1396125915143278600

На неговата среќа и немаше крај. Тој го соблече дресот, доби жолт картон, а соиграчите му честитаа за ова фантастично достигнување.

Левандовски одигра вкупно 329 натпревари за Баерн и постигна неверојатни 294 голови.

ПОВРЗАНО

Бундеслига