РАКОМЕТ

Погледнете го неспортскиот потег на хрватскиот ракометар поради кој Данците се бесни по финалето (ВИДЕО)

По победата во финалето против Хрватска, данските ракометари долго време се жалеа за грубата игра на „Каубојците“ за време на дуелот на кој се решаваше името на новиот светски шампион.

Ракометната репрезентација на Данска синоќа ја совлада Хрватска со 32:26, ​​со што во голем стил ја освои новата светска шампионска титула, покажувајќи дека никој во светот не им е рамен. И покрај победата, Данците не беа задоволни од играта на Хрватите. Поточно, тие беа незадоволни бидејќи сметаа дека тие играа премногу грубо во текот на целото финале. Особено внимание привлече потег на хрватскиот ракометар Матео Мараш. Го згазна најдобриот ракометар на Светското првенство Матијас Гидсел и извесно време му застана на ногата.