Европското првенство започнува на 11.06, со натпреварот Турција – Италија, на стадионот „Олимпико“ во Рим, со почеток во 21:00 частот и 23 309 навивачи присутни на стадионот.
Македонија првиот натпревар ќе го одигра на 13.06 во Букурешт на „Националната Арена“, против репрезентацијата на Австрија, пред 18 360 навивачи, со почеток во 18:00 часот.
Стадионт има капацитет 55 634 гледачи, но поради мерките за заштита од КОВИД-19 ќе присуствуваат 18 360 навивачи.
Погледнете го стадионот на кој Македонија ќе го одигра дебитантскиот натпревар на Европското првенство.





