Незаборавна ноќ е зад навивачите и фудбалерите на Реал Мадрид.
Кралскиот клуб беше на чекор до елиминација од Лигата на шампионите. ПСЖ имшеа предност од 1-0 на „Сантијаго Бернабеу“, и вишок гол од првиот натпревар од Париз, но во последниот половина час соништата за додавање им ги урна прекрасниот Карим Бензема.
Францускиот напаѓач постигна три гола. Секако дека имаше голема помош од соиграчите кои одиграа прекрасна завршница на натпреварот, а на крајот Реал се најде меѓу осумте најдобри екипи во Европа.
Најтрофејниот европски клуб ги уништи парижаните, а покрај официјалните камери за преноси, се беше снимено и посебно за потребите на клубот.
Тие можат многу подобро да прикажат се што се случи на теренот, а Реал едноставно не можеше да загуби од ПСЖ со таква поддршка од трибините.