ФУДБАЛ

Погледнете како Интер го разби Лацио среде Рим, најголем пораз во историјата (ВИДЕО)

Интер со убедливи 6:0 славеше на гостувањето кај Лацио во последниот меч од 16.коло од Серија А. Лацио беше во одлична форма пред овој меч, но избраниците на Симоне Инзаги одиграа фантастично и дојдоа до голема победа. Резултатот го отвори Чалханоглу од пенал во 41-та минута, а Димарко зголеми на 2:0 непосредно пред крајот на првиот дел.

Во 51-та минута Барела постигна фантастичен гол од далечина за 3:0, а две минути подоцна Дамфрис со глава постигнува гол за 4:0 по центаршутот на Бастони. Во 77-та Карлос Агусто зголемува на 5:0, а катастрофата на Лацио ја потврди Турам во 90-тата.

Колку беше надмоќен Интер на овој меч покажува и статистиката која вели дека во вториот дел домаќините немаа ниту еден директен шут во рамките на голот на тимот од Милано.

Инаку, ова е највисокиот пораз на Лацио на домашен терен во историјата.

Standings provided by Sofascore

ПОВРЗАНО

Серија А