ФУДБАЛ

Погледнете како изгледаше тепачката пред „Сан Сиро“: Навивачите на Аталанта го извлекоа подебелиот крај (ВИДЕО)

Навивачите на Динамо Загреб и Аталанта се судрија пред „Сан Сиро“ на час и половина пред почетокот на натпреварот во Лигата на шампионите.

Италијанскиот „Tuttomercato“ сними видео од тепачката, во која се гледа колку навивачи учествуваат во тепачката, но и дека полицијата брзо реагирала.

Патем, „index.hr“ јавува дека подебелиот крај го повлекле навивачите на Аталанта, бидејќи неколкумина останале да лежат на асфалтот поради повреди.

Се надевам дека ништо сериозно не е во прашање и сè ќе биде добро.

Погледнете како изгледаше:

https://www.facebook.com/tuttomercatoweb.page/videos/623110961558409/