Потегот на вечерта во НБА лигата го направи најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ кој на мечот меѓу Денвер и Голден Стејт го „испрати по бурек“ Стеф Кари.
😱Jokic had Curry lost!pic.twitter.com/L7oj75kc7m
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) December 4, 2024
Кошаркарите на Денвер синоќа го совладаа Голден Стејт со резултат 119:115, а во возбудливиот финиш на натпреварот Јокиќ си поигра со Кари. Денвер имаше негатива од 115:113 на минута и пол до крајот на мечот, Јокиќ ја префрли топката на противничката половина, а кога виде дека Кари почна да игра одбрана на него, српскиот кошаркар виде можност да постигне поен.
Тој се загради, а потоа фингираше додавање, на кое Кари „падна“ и целосно го загуби од вид . Тоа го искористи Јокиќ и шутираше непречено и погоди за израмнување на 115:115.
