Кристијано Роналдо синоќа стигна до 700 голови во својата кариера. Повеќе од него имаат само четири фудбалери, кои не се активни, а двајца не се помеѓу живите. Тоа се легендите како што се Пеле, Пушкаш, Ромарио и Јозеф Бицан.
Според формата, на Роналдо нема да му биде проблем да го стигне Ференц Пушкаш бидејќи има само 4 голови помалку, но за останатите ќе му треба уште некоја сезона активен фудбал на високо ниво за да ги стигне.