ФУДБАЛ

Показател за тоа како не се води клуб: Составот на Барселона од премногу лесно отпишани играчи (ФОТО)

Барселона не се прослави во изминатите неколку години кога станува збор за трансфери, односно продажба на играчи.

Пред неколку дена Каталонците го продадоа Артур Видал за само еден милион евра, а пред него замина Иван Ракитиќ за 1,5 милиони евра, што е навистина мизерна цифра, исто така и Луис Суарез замина во Атлетико Мадрид, а цената за него нема да надмине два милиони.

Жосеп Марија Бартомеу и компанијата со години се сопнуваат со засилувања, но и со продажба на играчи. Каталонците лесно продаваат играчи кои чинат многу повеќе отколку што добиваат за нив, што веќе е многу вознемирувачко за навивачите.

Тие добија најмногу пари за Нејмар, но со неговото заминување загубија многу повеќе отколку што на крајот добија. Покрај него, тие продадоа многу повеќе играчи за мизерни цифри, па дури и некои трансфери беа бесплатни.

Многумина од нив подоцна станаа одлични фудбалери и им покажаа на челниците на Барселона дека треба да им се даде шанса. Шпанските медиуми направија состав на играчи кои не го добија потребниот статус на „Камп Ноу“ и од кои лесно се ослободија.