ФУДБАЛ

Покажa каков господин е: Кристијано Роналдо ги воодушеви јуниорите на Манчестер Јунајтед пред натпреварот на сезоната

Јуниорите на Манчестер Јунајтед синоќа го победија Нотингем Форест на Олд Трафорд и го освоија ФА Купот.

Јуниорите на Манчестер Јунајтед имаа голема поддршка во финалниот натпревар синоќа во Театарот на соништата и на крајот успеаја да стигнат до трофејот.

Ова беше прв трофеј на младински тим на Манчестер Јунајтед по 11 години, што најдобро покажува колку овој натпревар беше важен синоќа.

Навивачите на Јунајтед создадоа фантастична атмосфера која го однесе тимот на Јунајтед до победа со резултат 3:1. На трибините имаше преку 67.000 навивачи, што е навистина неверојатен податок.

За важноста на овој натпревар најдобро говори податокот дека се вклучи и Кристијано Роналдо. Иако е на одмор со семејството, најде начин да го поддржи тимот.

Имено, Роналдо испрати видео порака до јуниорите на Манчестер Јунајтед и истата беше пуштена во соблекувалната непосредно пред почетокот на натпреварот, а на овие млади играчи навистина не им требаше подобра мотивација од тоа.