ФУДБАЛ

Покетино: Далеку сме од целите што ги поставивме

Фото: Chelsea's head coach Mauricio Pochettino stands on the touchline during the English League Cup second round soccer match between Chelsea and AFC Wimbledon at Stamford Bridge stadium in London, Wednesday, Aug. 30, 2023. (AP Photo/Kin Cheung)

Маурицио Покетино, тренерот на Челзи, изјави дека резултатите на лондонскиот клуб оваа сезона се далеку од очекувањата и додаде дека неговиот тим мора да победи доколку сака да ги оствари своите цели.

Челзи моментално се наоѓа на 11. место на табелата во Премиер лигата со 22 бода од 18 натпревари.

„Знаевме дека ќе биде тешко оваа година, но не мислев дека ќе биде толку тешко. Затоа што кога ќе се земат предвид сите околности, повреди и суспензии, сè ја влошува ситуацијата. Имавме премногу важни играчи надвор од тимот и многу околности кои беа против нас од почетокот на сезоната, а кои не беа во наши раце“, рече Покетино.

Аргентинецот истакна дека Челзи го очекуваат големи предизвици во преостанатиот дел од сезоната.

„Далеку сме од целите. Да бидам искрен, наша цел беше самиот врв. Ние сме Челзи, нашата историја бара да бидеме блиску до врвот. Сега треба да бидеме реални. Целта е да победуваме што повеќе“, изјави Покетино.

Челзи во среда го пречекува Кристал Палас во 19. коло од Премиер лигата.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига