Веста за трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид беше една од најголемите приказни во овој преоден рок, но на крајот очигледно нема да има ништо.
Новинарот на шпанскиот „Ел Чирингуит“ успеа да стигне до тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино и го праша што ќе се случи со Мбапе на самиот крај на преодниот рок.
„Поздрав до сите во редакцијата Ел Чирингито“, рече Покетино, избегнувајќи да одговори на прашањето.
PSG manager Mauricio Pochettino to @10JoseAlvarez about Kylian Mbappé to Real Madrid: “A big hug for all El Chiringuito!”. 🔵🇫🇷 #PSG #Mbappé pic.twitter.com/3HiK5pHTsy
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 31, 2021
Сепак, сега барем на сите им е јасно дека нема ништо од трансферот на францускиот репрезентативец во Реал Мадрид. Наводно, тие ја одбиле понудата на Реал од 200 милиони евра во Париз на последниот ден од преодниот рок.
Во меѓувреме, кралевите го потврдија доаѓањето на сонародникот на Мбапе, Едуард Камавинга, кој пристигна од Рен.