ФУДБАЛ

Покетино: Ни требаат засилувања, но не знам колку

Фото: LANDOVER, MARYLAND - JULY 30: Mauricio Pochettino, Manager of Chelsea, looks on during the Premier League Summer Series match between Chelsea FC and Fulham FC at FedExField on July 30, 2023 in Landover, Maryland. (Photo by Mike Stobe/Getty Images)

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино потврди дека клубот од Стемфорд Бриџ ќе донесе уште нови играчи до крајот на преодниот рок, но исто така рече дека не е сигурен колку засилувања му требаат за да биде задоволен.

Под водство на Покетино, Челзи ја освои првата „Летна серија“ – претсезонски турнир организиран од Премиер лигата. На тој турнир „сините“ ги победија Брајтон и Фулам и ремизираа со Њукасл.

Клубот од западен Лондон летово остави двоцифрен број на фудбалери, а менаџерот на „сините“ се уште размислува како дополнително да го подобри составот.

Челзи го договори трансферот на младиот играч од средниот ред на Рен, Лесли Угочукву, додека неодамна беше откриено дека е постигнат договор со Монако за потписот на дефанзивецот Алекс Дисаси.

„Очигледно е дека ни треба помош во одбраната, како и искуство во средниот ред. Угочукву веднаш ќе биде испратен на позајмица“, изјави Покетино и додаде:

„Не сум сигурен колку нови играчи ни се потребни, би било проблематично да се открие тоа сега. За мене е важно што навистина се трудам да ги направиме сите линии на тимот подобри“.

Следниот натпревар Челзи го игра ноќта меѓу вторник и среда кога во Чикаго ќе ја пречека Борусија Дортмунд. Првиот официјален натпревар во новата сезона „сините“ ќе го одиграат на 13 август, кога во првото коло од Премиер лигата го пречекуваат Ливерпул.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига