Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, пред саботниот дуел со Манчестер Сити смета дека неговиот тим може да дојде до победата над лидерот на табелата.
– Одиме со намера да ги победиме. Фудбалот е фудбал и може се да се случи. Играме добро овој период и тоа е многу важно за нас. Сметаме дека можеме да се искачиме високо на табелата. Сезоната е долга , рече Покетино.
Предводникот на Тотенхем сака да игра против тимови кои ги води Гвариола.
-Играме со екипата на Манчестер Сити, најдобриот тим во Англија и еден од најдобрите во Европа и сигурно ќе уживаме на овој меч. Сакам кога играм такви натпревари, а посебно сакам кога играм против Пеп Гвардиола, вели Покетино.
Натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем на распоредот е в сабота со почеток во 18:30 часот.