Манчестер Јунајтед потврди дека Пол Погба ќе паузира „неколку недели“ поради повреда.
Погба се повреди во првиот дел од саботниот натпревар против Евертон (3:3). Тогаш беше заменет со Фред, но Јунајтед очигледно падна и ја загуби средната линија откако излезе Французинот, и на крајот прокоцка предност од два гола.
Погба ќе го пропушти натпреварот на гостински терен против Вест Хем во ФА купот, а ќе ги пропушти и дуелите со ВБА и Њукасл во Премиер лигата и со Реал Сосиедад во осминафиналето од Лига Европа.
Францускиот репрезентативец се очекува да се врати на теренот до 28 февруари и да биде подготвен за натпреварот со Челси.