Возачот на Хонда Марк Маркез ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Тајланд која ќе се одржи утре.
Пред нас е 15. трка во Мото ГП шампионатот, а прв ќе стартува Маркез, кој поради грешките на третиот тренинг мораше да помине низ првиот дел од квалификациите.
Тој до пол позицијата дојде со време од 1:30.088, а зад себе го остави Валентино Роси кој каснеше за 11 илјадинки. Во првиот ред друштво ќе им прави и Андреа Довициозо.
Од утрешната трка поради повреда се откажа Хорхе Лоренцо, која започне утре во десет часот.