Манчестер Јунајтед вчера на Гудисон Парк беше поразен од Евертон со 1-0.
На крајот од натпреварот, Кристијано Роналдо го направи најсрамниот гест во кариерата, со тоа што на еден од навивачите им скрши мобилни телефони додека го напушташе теренот.
https://twitter.com/i/status/1512893910493900802
По инцидентот, полицијата на Мерсисајд објави дека отворила истрага која ќе користи видео снимки кои им ги ставил на располагање Евертон.
“Додека играчите го напуштаа теренот, беше пријавено дека момчето било нападнато од еден од играчите на гостинската екипа. Истрагата е во тек, а полицијата работи со Евертон за да го погледне видеото и да одржи состаноци на сведоци за да утврди дали злосторството се случило”. полициско соопштение.
По овој натпревар се огласи и мајката на момчето кое беше мета на Роналдо. Сара Кели во изјава за Liverpool Echo изјави дека нејзиниот син е аутист и дека првпат бил на натпреварот, а во солзи го напуштил стадионот.
„На крајот од натпреварот сите играчи го напуштија теренот, а ние бевме веднаш до тунелот. Мојот син сакаше да ги сними сите, а потоа малку го спушти телефонот за да го сними Роналдо кога застана до него. Роналдо имаше повреда на левата нога, а син ми само се обиде да ја сними и не му кажа ништо“, вели Сара и продолжува.
„Роналдо потоа реагираше на навистина ужасен начин бидејќи на син ми мобилниот му испадна од рака и го скрши. На раката му се гледа модринка која покажува колку силно го удри.
Плачев и бев шокирана после се, а Џејкоб беше во шок. Тој е аутист и има диспраксија и додека не стигнавме дома не ни сфати што се случи. Прв пат дојде на натпревар и ете што му се случи. Воопшто не сака повеќе да оди на натпревари“.
“Имавме навистина одличен ден, уживавме и тој беше навистина среќен. Сето тоа падна поради тој ужасен потег и однесување. Мојот син го сака Роналдо и беше возбуден кога го виде. Би ми било јасно дека тој можеше да го вознемири со некаков потег и да предизвика таква реакција, но не направи ништо друго освен да го сними“.
