Манчестер Јунајтед ремизираше (1:1) на подготвителниот натпревар против Рајо Ваљекано одигран на „Олд Трафорд“.
Театарот на соништата беше преполн, Роналдо се појави на теренот од првата минута од овој натпревар по големата сага за неговата иднина, но Јунајтед не успеа да ги победи послабите ривали како што тоа го правеше многу пати во изминатите сезони.
Рајо се закани по само десет секунди. Хитон одбрани, а првата вистинска шанса на домашните се случи во 12. минута кога Роналдо од добра позиција шутираше над голот.
A first sight of goal for @Cristiano 🎯
Click below to enjoy the game live 👇#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 31, 2022
Кристијан Ериксен имаше добра шанса во 30. минута. Не успеа да постигне гол, а првото полувреме заврши со шансата на Чонг која ја пропушти и на пауза се замина со резултат 0:0.
🤏 So close to an opener at Old Trafford, courtesy of @ChrisEriksen8! #MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 31, 2022
Кристијано ја напушти играта на полувремето. На негово место влезе Амад Диало и младиот напаѓач веднаш постигна гол за предност од 1:0 во 48. минута од натпреварот.
Instant impact.
Well played, @AmadDiallo_19! ⚽#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 31, 2022
Радоста на домашните навивачи кратко траеше. Само десет минути подоцна Гарсија постигна гол за 1:1.
Тоа беше конечниот резултат на крајот. Направени се голем број на измени кои го задушија ритамот на натпреварот и тој остана 1:1.
Од првата минута Јунајтед играше во овој состав: Хитон, Лерд, Варан, Мартинез, Телес, Гарнер, Ван де Бик, Ериксен, Чонг, Гарначо, Кристијано Роналдо.
„Црвените ѓаволи“ ја отвораат новата сезона следната недела со домашен меч против Брајтон.