ФУДБАЛ

Полошо не можеше да биде за Јувентус: Познато е колкава пауза го чека Мекени

Проблеми за Јувентус пред клучните натпревари во тековната сезона.

Клубот потврди дека Вестон Мекени ќе биде надвор од терените два месеци по повредата на стапалото.

Тоа значи дека споменатиот фудбалер ќе ги пропушти решавачките натпревари на својата репрезентација на САД во квалификациите за Светското првенство годинава, а споменатите натпревари ќе ги одигра во март.

Покрај тоа, тој нема да му помогне на Јувентус на реваншот од Лигата на шампионите против Виљареал, но и на претстојните натпревари во Серија А.

Се очекува старата дама до крајот на сезоната во Серија А да се бори за пласман во Лигата на шампионите, а грешките на водечките екипи во последното коло отидоа во корист на Јувентус.

Да потсетиме, Јувентус ремизираше 1-1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на гостувањето против Виљареал.

ПОВРЗАНО

Серија А