Фудбалерите на Барселона во саботата го совладаа тимот на Севилја со 2-0.
Каталонскиот клуб стигна до важна победа и ја зазеде втората позиција на табелата од Реал Мадрид.
Но, Куман на овој натпревар имаше многу проблеми со повредени играчи затоа што мораше да ги извади од игра Педри и Пике.
Роналд Араухо влезе на теренот во 67-та минута, но ја напушти играта само 15 минути подоцна. Уругваецот штотуку се опорави и доби шанса, но во еден момент се пожали на повреда.
Сепак, тој му рече на Куман дека сè е во ред и дека може да игра, но Холанѓанецот и онака го извади од игра. Араухо беше бесен на и ја шутна клупата покрај теренот со што ризикуваше нова повреда.