Фудбалерите на аргентинската репрезентација водат со 2:0 на полувремето од финалето на Светското првенство против Франција.
Иако две селекции влегоа во овој натпревар со подеднакви шанси, на теренот на стадионот „Лусаил“ засега има само една екипа – Аргентина.
Од првиот момент „гаучосите“ имаат се во свои раце. Доминантни се на средината на теренот, притискаа во секоја можна ситуација, што беше нивна карактеристика во текот на целиот турнир, а Французите немаа решение за ништо. Освен ударот со глава на Оливие Жиру, не се ни приближија до голот на Емилијано Мартинез.
Аргентинците поведоа во 23. минута кога Лионел Меси го реализираше четвртиот пенал на турнирот, од петте што ги изведе . Пред тоа беше прекршокот на Усман Дембеле врз Анхел Ди Марија кој досега беше брилијантен.
Тринаесет минути подоцна, додека продолжија да играат во ист ритам, на забележителни 40 метри од голот ја извлекоа француската одбрана, Мекалистер проигра преку Ди Марија кој рутински го совлада Лорис за 2:0 и солзи во очите на напаѓачот на Јувентус.
Death. Taxes. Di Maria scoring in the final.https://t.co/DCEMfhTRFZ
— Max Statman (@emaxstatman) December 18, 2022
Пред паузата, Дешамп смени дури двајца играчи – Жиру и Дембеле. На теренот беа Коло Муани и Тирам.