Репрезентацијата на Македонија вечерва ги стартува квалификациите за ЕП во 2020 година. Натпреварот против Турција кој вечерва се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола е почетниот тест за нашите момци.
По првото одлично одиграно полувреме, ракометарите на Македонија заминуваат на одмор со резултат 17:13.
Во спортската сала столчињата не се користат, бидејќи навивачите од двете екипи постојано се на нозе и ја бодрат репрезентацијата на Македонија.
По одиграните први 25 минути од првото полувреме Македонија достигна највисоко водство од 15:9. И двете репрезентации во првото полувреме повикаа на тајм-аут.
Македонија на 12 секунди до крајот повика на втор тајм-аут.
На трибините се и навивачката група „Чкембари“ кои несебично даваат поддршка на ракометарите.
Во второто полувреме се очекува да продолжи одличната игра на репрезентацијата на Макеодонија и овој старт на Македонија за квалификациите во 2020 да биде позитивен.