Синоќа, фудбалерите на Барселона ја победија Гранада на гости во одличен натпревар со 5:3 по продолженијата и се пласираа во полуфиналето на Купот на кралот.
Гранада имаше предност од 2:0 до 89-та минута, но потоа Барселона некако успеа да израмни на 2:2 и да го одведе овој натпревар во продолженија.
На крајот, каталонскиот тим стигна до пресврт и победи со 5:3, а имаше голема напнатост помеѓу клупите на овие екипи.
По четвртиот гол на Барселона, асистентот на Куман, Алфред Шредер доби директен црвен картон за провокација на клупата на Гранада.
Шпанските медиуми пишуваат дека Шредер заминал на клупата на Гранада за време на прославата на голот и ги испровоцирал своите играчи и стручниот штаб. Тој доби директен црвен картон, но исто така му се заканува суспензија од најмалку две недели.