ФУДБАЛ

Понуда и побарувачка за Кејн, разликата – 35.000.000?!

Хари Кејн се сметаше за идеален наследник на Карим Бензема, но договорот е многу далеку.

Реал Мадрид ја испрати првата понуда вредна 80 милиони евра, на која Даниел Леви само се насмеа, како што пишувавме вчера.

Наводно, претседателот на Тотенхем ќе го ослободи најдобриот играч и стрелец за сума од 115 мил.

Договорот на Кејн истекува следното лето, тој не сака да потпише нов и е подготвен за трансфер во кариерата во Реал Мадрид.

И самиот знае дека Леви е тежок во преговорите кои секако ќе траат до август, како што е извесно дека конечната бројка ќе биде поблиску до барањето на Леви отколку понудата на Перез.

Значи, 100 милиони евра минимум… но, вреди, особено кога Карим Бензема си замина…