Sвездата на Барселона, Лионел Меси (34), наводно, договорил нов договор со клубот.
Аргентинскиот велемајстор ќе остане без договор на крајот на овој месец, но се чини дека нема да го напушти каталонскиот клуб каде ја помина целата своја кариера.
Претседателот Жоан Лапорта разговараше со таткото на најголемата sвезда на неговиот тим, Хорхе Меси, за можноста за продолжување на соработката и наводно договорот е многу близу до реализација и остануваат само некои ситници околу бонусот.
Меси би можел да потпише десетгодишен договор со Барселона вреден вкупно 240 милиони евра, но овие пари ќе ги добие за четири години на кои се уште има намера да игра.
🚨#URGENTE | Acuerdo total. Lionel #Messi seguirá en el Barcelona. El crack seguirá en el club azulgrana hasta 2023. AMPLIAREMOS. pic.twitter.com/Qm3Wu2SY4x
— doble amarilla ⭐️⭐️⭐️ (@okdobleamarilla) June 2, 2021
Меси ќе биде член на Барселона две од овие четири години, а ќе игра во МЛС две сезони, се претпоставува за тимот на Интер Мајами.
По завршувањето на кариерата, Меси ќе има обврска да биде стратешки партнер и амбасадор на клубот шест години.